
Колку и да внимавате што јадете и преферирате да вечерате најкасно до 9 часот се случува да останете до доцна и да чуствувате глад.
Сите знаеме дека не е добро да го преполниме стомакот пред спиење но и да заспиеме гладни.Затоа во такви моменти еве што е добро да јадете.
Пуканките се секогаш добар избор за храна во вечерните часови.Тие се најздравите грицки кои имаат само 122 калории во порција од 30 грама.Содржат и малку масти, а доста влакна.
Морков е добар за видот но иста така е идеален и за грицкање навечер бидејќи содржи витамин А ,калиум ,алфа-каротин кои го подобруваат спиењето.
Парче сирење е одличен извор на протеини а тоа може да има позитивно влијание на мускулите, метаболизмот и општото здравје.
Јогуртот е одличен извор на калциум што исто така е добро за вашиот сон и е добар извор на протеини што кој кога се консумира навечер го намалува чувството на глад наутро.










