Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Неколку работи што треба да ги знаете доколку имате проблем со хемороиди

Неколку работи што треба да ги знаете доколку имате проблем со хемороиди

587
СПОДЕЛИ

Најчеста болест во аналниот регион се хемороидите кои зафаќаат половина од популацијата.Тие најчесто се појавуваат на возраст над 50 години, и независно од полот.

Доколку се соочувате со оваа болна ситуација ќе ви предложиме неколку третмани кои може да ви ги ублажат симптомите или пак целосно да ги излечите вашите хемороиди.

-Јадете храна која е богата со растителни влакна заедно со доволно количество на вода затоа што тоа ќе ја омекне столицата и ќе ви помогне при нејзиното исфрлање а со тоа ќе се намали притисокот врз хемороидите. Исто така треба да конзумирате брокула, грав, пченица, овесни трици и свежо овошје затоа што во сите тие има растителни влакна .

-Сите физички активности и секојдневното пешачење го стимулираат  работата на дебелото црево.

-Никогаш не го одложувајте одењето во тоалет.Додека чуствувате потреба за празнење на цревата направете го тоа веднаш затоа што столицата може да се повлече и подоцна да предизвика зголемен напор при празнење и притисок врз хемороидите.

-Не користете сува тоалетна хартија бидејќи таа е непријател на хемороидите.Секогаш хартијата навлажнете ја со малку вода или пак користете влажни марамици кои не содржат алкохол во нив.