СИМПТОМИ
Повеќето кои се заболени со кламидија имаат благи или пак немаат никакви симптоми. Тоа е поричина поради која тешко може да се открие оваа болест без соодветни тестови.Кога симптомите се присутни кај една жена, тие се појавуваат во период од 1-3 седмици по сексуалниот контакт со инфицираната личност.
Симптоми на кламидија кај жени
- Абнормален вагинален исцедок кој може да има непријатна миризба;
- Печење за време на мокрење;
- Абнормално крварење меѓу менструалните периоди или по сексуален однос;
- Болки при сексуален однос (диспареунија);
- Болки за време на менструација;
- Нерегуларно менструално крварење;
- Абдоминална болка проследена со температура;
- Чешање или печење во или околу вагината;
- Ректален исцедок, болка или крварење од анусот.