Во овој период од годината децата се склони на настинки,вируси ,бактерии,алергии и слично.
Затоа најдобро е да направите сè што е во ваша моќ за да го заштитите вашето дете од зарази.
Не постојат одредени правила , но добро е да се потрудите и да се обидете колку што може повеќе да спречите често прифаќање зарази.
Еве 12 едноставни совети како НИЕ можеме да го заштитиме нашето дете во ,,НАЈКРИТИЧНИОТ ”период од годината:
1. Научете го детето редовно да ги мие рацете не само пред оброк;
2. Ограничувањето на шеќерот кој го внесуваат во текот на денот е една од првите работи што треба да ги направиме.Сите знаеме дека шеќерот е мајка за бактериите ;
3. Колку што можете потрудете се вашето дете да биде активно во текот на денот или најдобро запишете го на некакви спортски активности;
4. 10-12 часа му треба неопходен сон;
5. Допирањето на лицето со нивните раце да биде колку што може помалку, а посебно да не ги ставаат рацете во уста;
6. Обидувајте се да му ја збогатите исхраната со што е можно повеќе зеленчуци и овошје;
7. Замена со сува облека после секоја поголема активност.
8. Носете ги на доктор и на редовни месечни контроли;
9.Научете ги да не ги делат пијалаците со нивните другарчиња, затоа што така можат многу полесно да се заразат;
10. Туширајте ги секојдневно особено пред спиење;
11.Пиењето на вода во замена за сокови;
12. Водете „сметка“ за нивната консумација на витаминот Д, затоа што во зима им е нај потребен.